Едно од најубавите турски јадења е Лахмаџун, јадење кое во Македонија особено во последно време е многу популарно. Некои го нарекуваат и турска пица, а за да го пробате овој специјалитет, не мора да одите до Истанбул, туку можете да го приготвите и сами дома.

Потребни состојки:

Лахмаџун

Лахмаџун од „Галерија 7“

1. За тестото:
- брашно тип 400
- половина литар млеко
- 1 мала шолја за кафе со масло
- 1 јајце
- 30 грама свеж квасец
- сол и шеќер

2. За смесата:
- пола кило мелено телешко месо
- 2 домати
- 2 пиперки
- 1 китка магдонос
- 1 супена лажица вегета
- 1 јајце
- сол, црн бибер, кромид.

Подготовка:

1. Излупете ги доматите и ситно исецкајте ги на коцки. Отстранете го вишокот на сок од него. Пиперката и кромидот исецкајте ги ситно. Додејте ситно сецкан магдонос и белка од јајце. Жолчката чувајте ја за краевите од кората.
2. Во смесата додајте го и местото и добро измешајте
3. Оваа смеса ставете ја на кората.

Лахмаџун

Лахмаџун од „Галерија 7“

Тестото можете да го купите или да го направите сами. Ако го правите сами, ова е начинот:

1. Од наведените состојки за тестото направете меко тесто и оставете го да отстои барем 20 минути.
2. Ставете го тестото на површина попрскана со брашно и исечето го и направете топчиња од него.
3. Секоја топка развлечете ја во круг.
4. Ставете од смесата која претходно ја подготвивте и оставете по еден прст празно околу.
5. Ставете го подготвеното тесто на тава која сте ја намачкале со масло за јадење. Краевите од тестото намачкајте го со жолчката и малку масло. Секое од парчињата тесто украсете го со круг од домат и печете во загреана рерна на 200 степени. Повремено намалувајте ја топлината на рерната.

Готовиот лахмаџун служете го со чаша ајран. За да го засилите вкусот на лахмаџунот, можете да исцедите и сок од лимон.

Коментирајте со Фејсбук

Категории: Кујна, Мени